1. ДОГОВОР ПОМЕЃУ КОРИСНИКОТ и Prea Tourism
 Со користење на овие web страници, односно услугите кои се наведени, Вие ги прифаќате условите, информациите и известувањата кои се објавени. Доколку не се согласувате со условите не ги користете овие страници.

2. ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА
 Prea Tourism ја почитува Вашата приватност и работи според следните начела:
Напоменуваме кога ни се потребни Вашите лични податоци. Ги проследуваме податоците до трето лице давател на услугата која ја резервирате или ја плаќате преку Prea Tourism. Истотака ги користиме Вашите лични податоци за обработка на Вашите барања во рамките на системот на резервации на Prea Tourism и повремено да Ве известиме за новините кои се однесуваат на услугите на Prea Tourism. 
 Заради точноста на Вашите податоци во моментот кога побарувате наша услуга или друга информација Ве молиме да не известите доколку дојде до промени во Вашите лични податоци или доколку погрешно се внесени.
 Доколку забележите дека Prea Tourism не постапува според овие начела или ако имате било каква друга забелешка на начинот на работење, известете не на info@savana.com.mk заради итна корекција на евентуалите пропусти односо решавање на проблемнот во што покус рок.

3. ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ЛИЧНО, НЕКОМЕРЦИЈАЛНО КОРИСТЕЊЕ
 Овие web страници се наменети за корисниците за лична, некомерцијална употреба. Не е дозволено менување, копирање, дистрибуција, прикажување, објавување или на кој било друг начин пренесување и продавање на било која информација, услуга или производ кој е објавен на овие страници.

4. СОПСТВЕНОСТ НА СОДРЖИНИТЕ
 Содржините на овие web страници се сопственост на Prea Tourism, 1000 Скопје, ул. Орце Николов 20, освен дел од фотографиите кои се користат во комерцијални цели, а на барање на авторот или сопственикот ќе бидат повлечени од страниците (доколку не се постигне друг договор).

5. ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА
 Информациите на овие страници се сметаат за исправни во моментот на внесување, Сите податоци редовно ќе се прегледуваат, а евентуалните грешки веднаш ќе се одстрануваат. Prea Tourism го задржува правото да ги менува податоците на овие страници без посебно известување.

6. ЗАБРАНЕТО ИЛЕГАЛНО КОРИСТЕЊЕ
 Со користењето на овие web страници се обврзувате добиените информации да не ги користите за забранњети нелегални цели и дејствија.

7. ЛИНКОВИ НА СТРАНИ НА ТРЕТИ ЛИЦА
 Овие страници можат да содржат “линкови” на страници на други фирми и лица. Тие линкови се само за Ваша информација, а Prea Tourism не носи одговорност за точноста на информациите и содржината на тие страници.

8. ПРОМЕНА НА ОВИЕ И ДРУГИ УСЛОВИ НА РАБОТЕЊE 
Prea Tourism го задржува правото да ги менува условите за користење на web страниците и другите услови на работење. Промените не се однесуваат на веќе извршените и наплатени резервации.

9. КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ НА Prea Tourism НА ОВИЕ СТРАНИЦИ
 Web страницата исклучиво има за цел да помогне на корисниците да се информираат за понудата на услуги преку описите и фотографиите, да се информираат за слободните термини, и да извршат резервација или уплата на бараните услуги. Ве известуваме дека за реализација на трансакциите преку нашите страници морате да бидете полнолетни, и дека ја прифаќате финансиската одговорност за трансакциите кои ги вршите Вие лично или малолетните лица кои се под Ваш назор и можат да ги користат Вашите податоци, како и за вистинитоста и точноста на податоците кои ни ги давате за реализација на резервацијата или финансиската трансакција. Во случај на било каква злоупотреба на овие страници (внес на лажни резервации или слично) ќе Ви биде оневозможен пристап на овие web страници.

10. ДОПОЛНИТЕЛНИ НАПОМЕНИ
 Prea Tourism ќе се труди да ја проверува точноста на податоците на овие страници и да ја проширува својата понуда. Трансакциите со кредитни картички во овој момент не се активни поради што препорачуваме печатење на формуларот за резервација со авторизиран потпис од носителот на кредитната картичка и испраќање на fax со фотокопија од кредитната картичка. 

Prea Tourism - Скопје