ИСТАНБУЛ ЗА НОВА ГОДИНА

НОВА ГОДИНА 2019

Прв ден – 29.12 (сабота)

Средба на групата на Дрводекор во 15:30 часот и сместување на багажот. Поаѓање за Истанбул во 17:00 часот. Ноќно возење со транзит преку Грција, попатни паузи и царински формалности.

Втор ден – 30.12 (недела)

Планирано пристигнување во Истанбул во утринските часови. Во зависност од расположливостa на собите во хотелот, доколку има слободни соби, сместувањето е веднаш. Доколку нема, според правилата check in ќе биде после 14 часот по локално време (агенцијата секогаш се труди патниците веднаш да влезат во собите, но не сносува одговорност доколку собите не се ослободени).

НАПОМЕНА: Доколку не успеат сите патници да влезат во собите, се оди на тура со цел да не се пропуштат локалитетите, а ќе влезат во хотел по завршувањето на разгледите).

Следува прекрасното крстарење по Босфорот. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитостите одблизу. На самото пристаниште можете да пробате традиционален турски сендвич со риба, се продава од интересно

 

 

украсени бродчиња, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.

Веднаш потоа се упатуваме кон Долмабахче палатата.

Долмабахче палата – Турскиот Версај

Првата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (со прекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19 и 20 век, претходна некогаш и главна (во 16 и 17 век) Отоманска империја.

По посетата на Долмабахче, следува денски панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со лиценциран локален водич со посета на Чамлиџа. Автобуска екскурзија со која се доживува неверојатно искуство со преминување од европската во азиската страна на Истанбул по еден од мостовите над Босфор. Краток престој на азискиот дел наречен Чамлиџа, од каде има неверојатен панорамски поглед кон европскиот дел и Босфорот.

По завршувањето на овие факултативи, групата се враќа во хотел, каде има слободно време се до вечерните часови, кога ќе се оди на ноќен Истанбул. Оваа посета значи панорамски разглед на Истанбул со автобус, во вечерните часови кога градот се трансформира во градот на светлоста и убавината. Се поминува крај бизнис делот на Истанбул каде се наоѓаат големите холдинзи, облакодери и високи згради, секоја со свое посебно светло. Се посетува највисоката зграда во Европа (236м) Sapphire Seyir Terasi (панорамска тераса), можност преку четиридимензионалното небесно

 

 

возење до хелихоптер над Истанбул да ги посетите најзначајните знаменитости: Галата Кула, Златниот Рог, Сината Џамија, Аја Софија, Топ Капи, Девојачката Кула.

Трет ден – 31.12 (понеделник)

Во договор со организаторот и претставник од агенцијата, во одредено време групата се чека на рецепцијата од хотелот со локалниот водич и се упатува кон разглед на населбата Аксарај, историскиот дел на Истанбул, каде се наоѓа најпознатата затворена чаршија на светот, Капали чаршија. Преку пешачката тура ќе имате можност да се запознаете со околината и крајната цел Сината џамија, Хиподромот, Аја Софија и Топ Капи палатата.

Аја Софија

Посета на Аја Софија со локален лиценциран водич. Музејот Св. Софија е ремек дело на византиската уметност. Црквата е изградена за време на владеењето на царот Јустинијан во 6-от век и е посветена на  Божествената мудрост. Изградена е за 10 години од 10.000 луѓе и 100 архитекти. Таа е третата црква изградена на ова место. Во тоа време била најголемата црква која постоела во Европа и успеала да го задржи овој статус до изградбата на Свети Петар во Рим.

Внатрешноста е украсена со прекрасни византиски мозаици од 6 до 13 век. Света Софија или Црквата на Пресветата Мудрост е поранешна црковна престолнина на Византиската империја во Константинопол (денешен Истанбул) и е претворена во џамија од страна на османските освојувачи во 1453-та година. По 1934-та е претворена во музеј.

 

 

Топкапи палатата

Ова е палатата на Султаните, изградена на површина од 700.000 квадратни метри. Дворецот се состои од три главни делови – бирун, ендерун и харем. Палатата вклучува различни дворови, градини, простории за државни службеници, резиденција на владетелот, други резиденции и згради за вработените во палатата, светите мошти и царските архиви останале на чување во Топ Капи и по преместувањето на султаните во Долмабахче. По зaвршувањето на разгледите, групата има слободно време за индивидуални активности.

Слободно време до 20 часот кога патниците кои ќе одберат Новата година да ја дочекаат на брод и да крстарат низ Босфорот со добра забава, се чекаат на рецепцијата од хотелот и ќе се упатуваат кон пристаништето. Покрај добрата забава, следува мени со предјадење, главно јадење, десерт и неограничени пијалоци. Следува Дочекот на Новата година со крстарење по Босфорот. Традиционални турски танци со програма, belly dance (танчерка), DJ сет, неограничено пиење (алкохолни и неалкохолни пијалоци), предјадење, главно јадење, десерт. СПЕКТАКУЛАРЕН ОГНОМЕТ во 00:00 часот. Журката продолжува до утринските часови. Враќање во хотел во договорено време.

ПРОМО цена 89евра по лице со уплата до 24.12, редовна цена 109 евра.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

·        Две ноќевања во хотел 3* со појадок во населбата Аксарај

·        Автобуски превоз на релација Скопје – Истанбул – Скопје

·         

·         

·         

·         

·        Пешачка тура низ историскиот дел на Истанбул со лиценциран водич

·        Посета на трговскиот центар Форум Истанбул

·        Посета на фабриката за традиционални слатки „Коска“

·        туристички пратител за време на престојот

·        организација за време на патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

·        задолжително патничко осигурување

·        факултативните излети:

·        Аја Софија со лиценциран водич и аудио слушалки – 20 евра

·        Топкапи палатата со лиценциран водич – 20 евра

·        панорамски разглед на европски и азиски Истанбул – 15 евра

·        крстарење по Босфорот – 20 евра

·        Долмабахче палата со лиценциран водич – 25 евра

·        Ноќен Истанбул и Сафир Сехир Тераси – 25 евра

·        Туркуазу Аквариум – 15 евра

·        Дочек на Нова година со крстарење по Босфорот (програма во подготовка)

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ:

SILVER – 75 евра:

·        Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул

·        Крстарење по Босфорот

·        Долмабахче палатата

·        Ноќен Истанбул и Сафир Сехир Тераси

 

 

GOLD – 110 евра

·        Аја Софија

·        Топкапи

·        Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул

·        Крстарење по Босфорот

·        Долмабахче палатата

·        Ноќен Истанбул и Сафир Сехир Тераси

PREMIUM – 125 евра

·        Аја Софија

·        Топкапи

·        Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул

·        Крстарење по Босфорот

·        Долмабахче палатата

·        Ноќен Истанбул и Сафир Сехир Тераси

·        Туркуазу аквариум

ИНФОРМАЦИИ:

·        За first minute цената се уплатува 30% аконтација за сигурна резервација. Остатокот се плаќа до една недела пред реализација на аранжманот

·        За сингл соба се доплатуваат 30 евра дополнително од аранжманот

Попусти за деца:

 

·         

·         

·         

·         

·         

·        Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)

·        Деца од 3 до 12 години за first minute плаќаат 60 евра

·        Хотелот се одредува на неколку дена пред тргнувањето во зависност од бројката на патници