Нова година 2019: Будва - Дубровник - Котор

 

ДОЧЕК НА НОВАТА 2019 ГОДИНА СО КОНЦЕРТ НА ДИНО МЕРЛИН И ПОЗНАТИ DJи

budva nova godina 2019 arka

1 ден: 29.12.2018 год.

Поаѓање за Будва од Скопје на паркингот кај хотелот Вип во 23.00 часот со туристички автобус. (Поаѓања од Прилеп во 20.00 часот; Кавадарци 21.00 часот; Велес 22.00 часот ; Кочани 20.00 часот; Штип 21.00 часот; Куманово 21.30 часот). Патот води преку Косово и Албанија по новиот автопат. Ноќно возење со попатни одмори.

2 ден: 30.12.2018 год.

Пристигнување во Будва во претпладневните часови,( кафе-пауза за фотографирање и уживање во прекрасната панорама на Св. Стефан-едно од нај монденските остров-летувалишта на Јадранското море). Сместување во хотел / приватно сместување. Слободно време за индивидуални прошетки. Вечерта организирана предновогодишна забава пред платото на Стариот град за прв пат со DJи од електронската сцена: Burak Yeter и Darren Emerson. Ноќевање.

3 ден: 31.12.2018 год.

Појадок. После појадокот заминување на полудневен излет до Котор. Слободна прошетка низ испреплетените мали улици каде што се наоѓаат катедралата Св. Трифун и препознатливите цркви Св.Лука, Св.Ана, црквата на Пресвета Богородица, средновековна архитектура и бројни споменици кои го вклучуваат градот во УНЕСКО. Враќање во Будва. Слободно попладне за прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на стариот град, цитаделата, бројните кафулиња, ресторани, бутици и галерии. Уживање покрај море во предновогодишна атмосфера. Вечерта дочек на Новата 2019 година пред платото на Стариот град со концерт на ДИНО МЕРЛИН. Ноќевање.

4 ден: 01.01.2019 год.

Појадок. По појадокот заминување на целодневен факултативен излет до Дубровник преку Тиват со траект. Прошетка низ стариот дел на градот Дубровник: Страдун, Кнежев двор, Дубровачките градски ѕидини, статуата на Св.Влах - заштитникот на градот, Катедралата Вознесение на Дева Марија... Попладне враќање во Будва. Патувањето продолжува за Македонија со попатни одмори. Пристигнување наредниот ден во раните утрински часови.

85 евра (5.250 денари) за хотелско сместување

65 евра (3.990 денари) за приватно сместување

Гратис излет до КОТОР !!!

Можност за плаќање со VISA, MASTER, MAESTRO CARD

 

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација; (Поаѓање од Скопје, Прилеп, Кавадарци, Велес, Кочани, Штип и Куманово)
  • Сместување во хотел 3* во Будва на база две ноќевања со појадок;
  • Сместување во приватни вили во Будва на база две ноќевања;
  • Туристичката такса е вклучена во цената и кај приватното и кај хотелското сместување;
  • Посета на Св.Стефан;
  • Полудневен излет до Котор;
  • Организација и пратител на патувањето

Во цената не се пресметани следните услуги:

  • Целодневен излет до Дубровник (10 евра);
  • Влезници за посети;
  • патничко осигурување

НАПОМЕНА:

За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници. За секое лице потребен е поединечен биометриски пасош со минимум на важност од 3 месеци од денот на пристигнување назад. За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.A ПРАЕ ТУРИЗАМ